Законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во собранието многу скоро, изјави денеска на прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски, охрабрувајќи ги притоа сите политички субјекти, политички партии, парламетнарни групи и независните пратеници да продолжи дијалогот со Владата.
-Токму сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во собранието да бидат на висината на сопствената одговорност, заради тоа што од една страна имаме сите заедно одговорност што ќе направиме за иднината на државата на европскиот пат на Република Северна Македонија, и второ – што ќе направиме сите заедно за правдата – рече Спасовски.
Тој ја повика опозицијата да престане, како што истакна, со партиски калкулации и политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата.
– Конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите – рече Спасовски.