Спасовски: За Велигден да останеме дома, така ќе го победиме ова зло

by Fokus

Премиерот Оливер Спасовски денеска од Куманово упати апел до граѓаните – да се почитуваат мерките на Владата и за време на велигденските празници со цел да се спречи ширењето на заразата.

„Сакам да изразам сочуство до семејствата на починатите. Ние како влада навремено реагираме и ќе направиме се што треба за да го заштитиме граѓаните што побрзо да се помине оваа криза. Уште еднаш апелирам да се почитува мерката, да нема групирања и за велигденските празници. Сега е моментот велигденските празници да ги прославиме дома, така ќе го победиме ова зло“, истакна Спасовски.

Поврзани новости