678
Периодов е актуелна ситуацијата во МВР и обезбедувањето на министерот Наќе Чулев и возниот парк на министерството.
Запрашан за ова, техничкиот премиер Оливер Спасовски порача дека не носи ништо добро што ќе создаде хаос.
„Примарна задача е да продолжат да функционираат институциите. Треба да се внимава во МВР затоа што е многу е важно да немаме никакви закани за безбедноста и да дојдеме до една ситуација на нестабилност и неизвесност на граѓаните. Не носи ништо добро што ќе создаде хаос. Очекувам дека сите овие недоразбирања ќе бидат надминати и низ дијалог да ги решат овие прашања“, порача Спасовски.