Спасовски за случајот Онишченко: Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата 24 анализа Тв 24 во врска со македонското државјанство на Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.

– Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивна улога. Кај овој случај имаме 4 позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност.

Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите. – вели Спасовски.

Поврзани новости