Спасовски за мерката за забрана на повеќе од 4-ца гости: Допрва ќе го анализираме овој предлог!

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека мерката за забрана на повеќе од четворица гости во домовите допрва ќе се разгледува.

-Се нудат одредени предлози за спречување на ширењето на Ковид-19.  Ваквиот предлог веројатно се предлага секако за да се намали ширењето на вирусот, но сепак треба да се истакне дека  уставното загарантираното право на неповредливост на домот останува. Многу е поважно секој граѓанин да има свест за заштита, бидејќи токму ваквите прослави доведоа до ширење на Ковид-19. Ако има одредена пријава ќе мора да се постапува, но да се почитува Уставот. Ќе делуваме заедно со обвинителството. Очекувам да го анализираме овој предлог, рече министерот Спасовски, во вечерашното интервји во ТВ Сител.

Тој додаде дека сите граѓани како да подзаборавиле на мерките и затоа, како што рече, мораме да бидеме свесни, ако не сакаме да се вратат поголемите рестрикции.

Поврзани новости