707
Техничкиот премиер и носител на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица, Оливер Спасовски, денеска на Телма ја прокоментира понудата што ја достави лидерот на СДСМ Зоран Заев до Христијан Мицкоски дека ќе му даде или побара пратеници за формирање на малцинска влада ако дојде до ситуација ДУИ да условува за Албанец-премиер.
-Поентата на таа синтагма беше да се каже колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите – рече Спасовски, додавајќи дека неговата партија не отстапува од концептот „Едно општество за сите“ и се обраќа до сите етнички заедници.
Воедно, тој истакна дека ДУИ не може да настапува како ексклузивен претставник на Албанците.