Спасовски: Вонредната состојба не е врзана со рестриктивни мерки, разговараме дали ќе бараме продолжување

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција рече дека во моментов се разговара дали ќе има потреба од продолжување на вонредната состојба.

-Укажавме дека врската меѓу рестриктивните мерки не е поради прогласувањето вонредна состоја. Вонредната состојба не е врзана со забрана за движење и слично. Моравме да имавме вонредна состојба за да се овозможи носење уредби со законска сила, бидејќи немаме Собрание. Вонредната состојба не може да ја врземе со избори. Ако имаме барање за продолжување на вонредната состојба ќе се темели исклучиво на фактот како и на кој начин да се продолжи со активни мерки за помош на економијата и за нормално функционирање на државата. Ако се процени дека е потребно продолжување на вонредната состојба се со цел овие активности да ги завршиме, тогаш тоа ќе биде побарано. Разговараме со сите чинители и со Комисијата за заразни болести дали ќе има потреба од такво нешто, рече Спасовски.

Поврзани новости