Доколку бројот на заразени се зголеми, повторно ќе се воведат рестриктивни мерки

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција рече дека доколку се зголеми бројот на заразени со корона вирус на дневно ниво, тогаш повторно ќе се вратат рестриктивните мерки.

-Доколку бројот на случаи се зголеми, тоа ќе значи повторно воведување рестриктивни мерки. Затоа аплираме сите да ги почитуваме мерките за носење маска, одржување дистанца и однесување според протоколите. Доколку ова се случува, немаме опасност за зголемување на бројката. Тоа е најважна работа за да ги намалиме бројките и со тоа да го враќаме животот во целосна нормала. Кризата не научи дека многу повеќе ќе треба да внимавме на начинот на кој се однесуваме, порача Спасовски.

Поврзани новости