547
Носителот на листата за кандидати за пратеници на СДСМ во изборната единица 2, Оливер Спасовски, вечерва во Бутел изјави дека како влада носеле храбри одлуки кои, како што рече, значеле иднина, сигурност и просперитет.
-Го срушивме режимот. Покажавме што значи визија и храброст, мудри и храбри одлуки. Воспоставивме едно општество за сите во кое што секој е важен. Тоа е ИЕ 2, Македонија во мало, покажуваме како треба за заеднички да живееме, тоа е концептот на сигурност. Овде сите заедно праќаме порака како треба заедно да се живее и работи. Овде кога говориме за „наш“ човек, говориме за човек кој се грижи за сите. „Наш“ е секој кој ги разбира маките и сака да најде решение, што може да разговара и во Старо Нагоричане и во Куманово и во Арачиново и во Липково и во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Ѓорче Петров. На другата страна ја имаме истата ВМРО-ДПМНЕ што ја држеше земјата во режим, крадеа, уценуваа. Тоа што го нудат денес е опасност, враќање на режимот – рече Спасовски.