Мисајловски: Во овие 3 години се полнеа Луј Витон торби

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во втората изборна единица денеска во Гази Баба изјави дека на изборите ќе дојде до промена на власта.

-Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ. Знаете што се случуваше овие 3 години посебно со една тема како да го сменат името, како да не понижат, како да се полнат торби со пари, со оние познати торби Луј Витон, корупција насекаде, а да се фалат дека многу работат и дека се во оваа држава се како што треба. Но, не е така и навистина треба заедно да им порачаме дека е доста и да ги казниме – вели Мисајаловски.

Поврзани новости