Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на Топ тема рече дека се било законски во набавката на 45 возила Шкода од фирмата „Делукс“ од Куманово, од каде и СДСМ пертходно купила автомобили.
-Ние добивме донации од чешката влада и моравме да ги употребиме парите до октомври. Имаше 4 понуди и траеше целата постапка. Цената е 22.200 евра за едно возило, сите се со 4х4 погон и 4 години гаранција и сервисирање и обезбедување на летни и зимски гуми. Ова е најповолната понуда која можевме да ја добиеме. Совеста ми е чиста и можам да обаснувам. Оваа фирма доби зашто имаше најповолна понуда. Го знам човекот, од Куманово е, нормално е да го знам. Мене ми се познати сите фирми кои продаваат возила. Клучната работа е дали набавките се законски и дали се избира најниската понуда, тврди Спасовски.