508
Цврсто сме решени за смена на Никола Груевски и мирна транзиција на власта, истакна вчера генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во интервју за ТВ24.
– Нема нови избори ниту откажување од формирање на иституциите на државата од страна на СДСМ и парламентарното мнозинство. Се разгледуваат различни стратегии, но нема откажувања ниту од ДУИ, ниту БЕСА и Алијансата за Албанците – тврди Спасовски.