Полицијата приведе две лица за сминување на знамето во Куманово

by Fokus

Две лица се приведени за симнување на знамето во Куманово, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Во нивното соопшение се наведува дека, полициски службеници ги забележале лицата кои го симнуваат државното знаме на Македонија од јарболот лоциран на ул.Гоце Делчев и поставуваат знаме на Р.Албанија во Куманово.

– При обидот полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди. Во дејствието две НН лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово – продолжува понатаму во полициското соопштение.

 

Поврзани новости