Техничкиот премиер Оливер Спасовски вечерва на Фејсбук соопшти дека го добил резулатот од тестот за корона вирус и тој е негативен.
-Резултатот од тестот што го добив вечерва е негативен и покажува дека не сум носител на корона вирусот. Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите. Апелирам уште еднаш: Секогаш држете 2 метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не се групирајте. Останете дома ако не мора да излегувате, порача Спасовски.