415
Прво бевме известени дека поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски ќе ни биде испорачан, но подоцна српските власти се предомислија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Екстрадицијата се прави врз основа на барање од Интерпол, односно преку Министерството за правда до Србија. Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција – појасни Спасовски.