Одбиен предлогот на СДСМ за укинување на радиодифузната такса

by Фокус

На денешната седница на Законодавно-правната комисија не помина предлогот на СДСМ за укинување на радиодифузната такса. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против тоа граѓаните да бидат ослободени од плаќање, а според нив, можело да се разговара само за ослободување на пензионерите.

-Поентата е многу едноставна, зошто граѓаните да плаќаат за услуга која не ја користат? Замислете, нивото на МРТВ е толку спуштено што голем дел од граѓаните почесто го гледаат хрватскиот јавен сервис, ХТВ, бидејќи МРТВ не им нуди квалитени содржини. Покрај тоа буџетот за МРТВ се троши за приватните патувања на мала група функционери кои таму се наместиле- рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Пратеникот Благоја Деспотовски од ВМРО ДПМНЕ, реплицираше дека не е прифатливо сите да се ослободат од плаќање на радиодифузна такса, бидејќи тоа ќе го оптоварело буџетот, но може да се размислува во правец на тоа пензионерите да се ослободат од оваа давачка.

Поврзани новости