681
Удирањето по полицаец значи удирање врз Република Македонија. Институциите мора да функционираат и обратно ако полициски службеник го прекрши законот и тој треба да сноси одговорност, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со вчерашниот инцеидент на Табановце во кој беше повреден полицаец при протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Го поддржувам правото на протест, но и го осудувам секој напад врз полицијата, бидејќи тоа е и напад врз Република Македонија. Нема никого да спречувам да протестира во Република Македонија, но тоа треба да се изврши врз основа на закон и да се спроведе сопочит кон луѓето кои, како што рече, секојдневно се грижат за нашата безбедност – истакна Спасовски.