Министерсот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска разреши 11 началници на МВР и постави нови, за што рече дека го искористил правото според договореното од Пржино и направил 11 кадровски промени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември.
-Врз основа на измените на Законот за Влада го искористив моето право за промена на дел од раководните структури. Поточно именував 11 нови раководители на организациони едници во состав на МВР, 7 во секторите за внатрешни работи и 4 во Министерството за внатрешни работи односно во одредени оддели, соопшти Спасовски.
На позицијаата началник на Алфите се враќа Примислав Димовски, а Кирил Митиќ станува началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност. Горан Трајановски ќе биде помошник министер на одделот за информатика и телекомуникации, а нов началник на СВР Скопје ќе биде Лазо Велковски.