ОЈО: Истражуваме што го натерало Крпач да посегне по својот живот

by fokus 14:25
14:25

Од сите докази што ги поседуваме, можеме да потврдиме дека Коста Крпач се самоубил, но сега истражуваме што го натерало да посегне по својот живот, брифираат од Основното обвинителство, а пренесува Мета.

-СЈО самото извести дека Коста Крпач трпел закани. Ако сето тоа е вистина, тоа обвинителство морало да направи записник. Сè што бараме е тој записник да ни го достават за да можеме да го склопиме мозаикот, велат од Обвинителството.

- Advertisements -

Тие соопштија дека се обиделе, но не можеле да го вештачат мобилниот на Крпач, затоа што телефонот „сони“ имал лозинка што ниту стручните лица не можеле да ја пробијат.

Од ОЈО велат дека според сведоците, на Крпач му се сменило расположението, откако тој се пријавил како сведок во СЈО.

Поврзани новости