Спасовски: Полицискиот час е опција во наредниот период

by fokus 20:05
20:05

Досега не е предложена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период – да. Ако имаме прогресирање на пандемијата, зголемување на ширењето на болеста секако треба да се преземат дополнителни мерки, но тие мора да бидат димензионирани на потребите кои ги налага одредена ситуацијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на Сител.

Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати.

- Advertisements -

– Според анализите кои се правени во Комисијата за заразни болести, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи. Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата, рече Спасовски.

Поддршката од Армијата за време на прогласената кризна состојба, вели тој, не е заради инцидентите, туку да и се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области. Целта, додава, не е преку носењето на акцискиот план да видиме полицаец или војник пред секој ковид центар, туку тоа ќе се прави врз основа на оперативните сознанија и потреби.

Поврзани новости