1K
Министерот за внатрешни работи демантира дека бил хоспитализиран во приватна клиника. Тој информира дека по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово.
„Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски“, напиша Спасовски на фејсбук.