Во Скопје 513 нови случаи на ковид, најмногу активни има во Аеродром

by Фокус

Во изминатото деноноќие од 1.168 новодијагостицирани со Ковид-19, 513 се во главниот град. Од починатите 18 лица, петмина биле од Скопје. Институтот за јавно здравје во гавниот град регистрира 394 оздравени лица, од вкупно 692 во земјата.

Најмногу активни случаи со Ковид-19 има во скопската општина Аеродром – 1256, потоа во Гази Баба – 1151, во Карпош – 1070, а следуваат Центар со 1028 и Кисела Вода со 1021, Ѓорче Петров со 680, Чаир со 500, Бутел со 430, Илинден со 199, Шуто Оризари со 144, Сарај со 108, Чучер Сандево со 83 итн.

Поврзани новости