473
Наместо за подобрување на стандардот на полицајците, минатото раководство на МВР трошело непродуктивно, открива министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за новинската агенција Макфакс.
Спасовски во интервјуто вели дека полицајците седум години се без униформа, а за сметка на тоа, по стапувањето на функцијата, забележал и огромна финансиска задолженост на МВР.
Спасовски не откри дали ќе ги декласифицира документите за трошоците и службените патувања, но вели дека граѓаните мора да бидат информирани како и за што се трошело во МВР.
Министерот најави и кадровски промени во Внатрешната контрола на МВР, за која вели дека била партизирана, како и непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.