Спасовски одговараше наместо заменикот Буши: Не, јас ќе одговорам, тој е казнет и сега носи маска!

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска не му дозволи на заменик министерот Назим Буши да одговори на новинарско прашање, поврзано со роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потенцирајќи дека тој е казнет и дека сега носел маска и не може да зборува.

„Не, јас ќе одговорам, затоа што тој е казнет. Не може да одговори и затоа што е казнет сега носи маска. Ако не беше казнет, можеби сега немаше да ја носи маската и казнети се сите што седеа на таа маса дали се тоа пратеници или министри, истакна Спасовски.

Спасовски денеска истакна дека сите што биле на седенката во министерството, без маски, се казнети, а за кривична одговорност ќе одлучува обвинителството.

Поврзани новости