424
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска увери дека во Македонија нема опасност од терористички напади, а Министерството ги презема сите мерки за превенција и разменува информации со пријателските служби.
-Превентивно го подигнавме нивото на безбедност во Република Македонија, со цел да превенираме можен терористички напад. Постојано имаме информации што ги добиваме и од пријателските служби и од нашите внатрешни служби, изјави министерот Спасовски.
Тој додаде дека сите податоци се анализираат во функција да се зачува безбедноста, а за секој податок се вршат оперативни проверки.