Демократски сојуз: Новинарите сами да напишат Закон за медиуми

by Фокус

Демократскиот сојуз ги повикува новинарите и нивните асоцијации, да подготват Закон за медиуми и истиот да го достават до Парламентот.

 -Партиите не можат да бидат тие кои ќе дефинираат законски решенија за професионално и објективно новинарство, затоа предлагаме “подгответе законски проект” по кој Парламентот ќе отвори транспарентна расправа и ќе го усвои. Демократски сојуз е за „целосна слобода на говорот” од што зависи демократизацијата на државата, јакнење на одговорноста и владеење на правото. Павле Трајанов, пратеник, подготвен e да биде предлагач на Закон кој што ќе го подготват новинарите, велат од ДС.

Поврзани новости