Деновиве слушаме дека остатоците од режимот во судството покренуваат и некаква постапка пред Уставниот суд, со цел незаконските аболиции што ги направи Иванов, за да ги спаси криминалците, да добијат сега некакво зелено светло во Уставниот суд. Ние на тоа се спротивставивме и амнестии нема да дозволиме, рече на граѓанската трибина во Неготино, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.
„Затоа ние од СДСМ и коалицијата поднесовме до Собранието барање за автентично толкување на член од Законот со коешто ќе обезбедиме да нема амнестија, никој да не може да биде амнестиран.
Од тука, од Неготино, ги повикувам сите пратеници од македонското Собрание, без разлика на која политичка опција или партија припаѓаат, посебно оние кои сметаат дека се чесни од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат колегите од СДСМ и да покажат дека се борат за правда и правичност. Дека ќе ги напуштат Груевски, Мицкоски, Јанкуловска, Мијалов и криминалите, рече Спасовски. Потпретседателот на СДСМ упати порака и до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да остане стожер на заштитата на уставноста и законитоста.
-Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок за ништо. Најголемата слава ја даваат граѓаните а тоа значи да обезбедиме правда и сигурност“, рече Спасовски.