615
Владината делегација и инвестотироте денеска присуствуваа на потпишувањето на договорите за финансиска поддршка за производство на електрична енергија и обновливи извори.
Техничкиот-премиер Оливер Спасовски се заблагодари на сите луѓе кои препознаа дека ќе имаат одлична инвестиција во Македонија.
„Со овие договори ќе придонесеме за намалување на аерозагадувањето во државата и заштита на животната средина. Нашата земја е земја на сонцето. Сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во овој проект, сите кои работеа со министерот за економија, сите кои помогнаа за овој проект. Најголема благодарност до инвеститорите кои препознаа дека ќе имаат одлична инвестиција“, истакна Спасовски.