Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот со лажните лични карти кој го обелодени неделникот „Фокус“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашните интервјуа на 24 Вести и на АлсатМ.
„Ова е еден од случаите што е сериозен, еден од случаите што мора итно да биде процесуиран, мора да има разрешница. Точно е дека неделникот Фокус отвори една тема за фалсификување на личн ите карти. Знаеме и дека еден дел од Вистината за Македонија, тн. „бомби“ имаше сознанија дека е можно во Македонија да се случува фалсификување на лични карти. Беше пријавено во МВР случај во кој се вели дека има сомнение за фалсификат на лични карти. Точно е дека новинар на Фокус, дојде во МВР, беше примен од директорот за Јавна безбедност и понатаму разговараше со инспектори во Одделот за организиран криминал“ изјави Спасовски,
Тој потенцираше дека веднаш откако Арсиќ ги предл личните карти, после тоа е известено Јавното обвинителство на РМ при што е дадена наредба за вештачење.
„Вештачењето на хартијата, вештачење на буквите итн. за да се утврди дали навистина се фалсификат личните карти. Ако се фалсификат, кој тоа го направил итн. Значи, целата таа постапка во МВР“ – вели министерот Спасовски.
Фокус веќе напиша дека на две тајни локации во Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, најверојатно за изборни цели, во текот на минатите избори.
Извори на „Фокус“ велат дека 30.000 лажни лични карти сѐ уште постојат и се соодветно складирани, а до неделникот доставиле 105 примероци.
Личните карти, се во парови, со ист лик, име и идентитет, но со различни адреси, што значи дека најверојатно биле издавани за да послужат за повеќекратно гласање.
Новинарите на Фокус забележале и случај на ист лик кој се наоѓа на шест лични карти, кој има три различни идентитети и матични броеви и шест различни адреси!
Според изворите на неделникот во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери.