449
Техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче денеска беа во посета на реновираниот стационарен оддел на Универзитетската клиника за неврохирургија.
Како што истакна Спасовски, среќен е што се прават промени во здравството после долги години.
„Најмногу се радувам на секој пресврт во здравството. Со ова се покажува дека приоритетите на оваа влада се сосема други. Работиме на подобрување на услугите за здравјето на граѓаните. Сите ние треба заеднички да помогнеме и да направиме значаен пресврт“, истакна Спасовски.