883
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 најави дека истрагата „Двојник“ ќе биде проширена.
-Истрагата се проширува и понатаму. Оваа истрага е и во други земји, бидејќи работевме заедно со американските власти, работевме заедно со Интерпол Лион и Интерпол Скопје. Ќе дојдеме и до проширување сигурно, според оние податоци кои ги имаме. Проширување ќе има без разлика дали се структури и внатре во МВР, без разлика и колку високо во структурата на МВР ќе се дојде. Ако погледнете во регионот ќе видете ќе се случувало такво нешто во Црна Гора, во Србија, во Хрватска. Оваа активност започна како активност на претходниот режим, вели Спасовски.