Спасовски: Многумина не можеа да ги разберат визионерските одлуки на Заев

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека е историски факт се што направи премиерот во заминување, Зоран Заев и дека му е чест што бил негов соработник во изминатите години.

-Мора да признаеме сите, и тоа е историски факт за сето она што го направи Зоран Заев и како лидер на опозицијата во тој момент, и потоа како претседател на Владата. Направи многу храбри исчекори, се донесоа многу важни одлуки за иднината и за државата. Ми беше чест што бев соработник на Зоран Заев. Секогаш носеше одлуки кои се храбри и визионерски, и кои што не можеа да ги разберат многу од граѓаните, но одлуки кои се покажаа како исправни, рече Спасовски.

Поврзани новости