Спасовски: Лесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто што ќе ги вознемири граѓаните

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја смирува јавноста и вели дека нема простор за паника, откако се појавија повеќе случаи едно по друго на исчезнати лица и апели од нивните семејства за нивно пронаоѓање. По написите на социјалните мрежи дека се работи за киднапирања од страна на организирана група на луѓе, Спасовски со демант. Вели дека врз пронајдените тела на исчезнатите се врши обдукција, и дека ниту еден наод на обдукцијата не констатирал недостаток на некој орган.

-Граѓаните нема за што да бидат загрижени во однос на безбедноста. Бројот на исчезнати лица се намалува постојано, и оваа година е помал од претхдната. Ефикасноста во пронаоѓање на исчезнатите лица по пријава е некаде околу 94 проценти. Јас апелирам до граѓаните на одговорнен однос и пристап. Најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните на Република Македонија. Вчера прочитав информации за исчезнувања, па после се наоѓале луѓето со недостаток на одредени органи. Апсолутно ги демантирам овие работи – рече министерот.

Tрговија со органи не се крие зад случаите со исчезнати, па потоа најдени починати лица

Апелирам до граѓаните на одговорен однос и на одговорен пристап, затоа што најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните.Вчера прочитав информации за некакви исчезнувања, па наводно потоа биле наоѓани без органи. Апсолутно ги демантирам овие работи и сите овие случаи на исчезнати лица се врши обдукција на нивните тела и извештаите точно се познати. Во ниту еден момент нема простор за паника.

Publiée par Oliver Spasovski sur Vendredi 22 février 2019

Поврзани новости