429
Опозициските министри се вратија во преодната Влада, која предмалку беше изгласана во Собранието.
-Од денеска, ние, министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ, ќе бидеме очите на граѓаните во владата – вети новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Новиот министер порача и дека неговата партија ќе го спречи секој обид за изборни или предизборни нерегуларности.
– На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори. Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви. Затоа сме дел од техничката влада – потенцираше Спасовски.