Спасовски ќе ги преиспитува боледувањата на началниците во МВР

by fokus

Началниците и команданти на неколку единици во МВР и по две недели се уште не се вратиле на работа. Сите заминале во ист ден, откако министерот Оливер Спасовски ги најави кадровските промени во министерството.

Спасовски изјави дека службите работат на утврдување на причините, но не кажа конкретни детали околу преиспитувањето на причините дали и кога нарачал да се оценува од што се болни началниците.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни Оливер Андонов пак, неодамна изјави дека воопшто не се сомнева дека некој од нив го злоупотребува боледувањето и не доаѓа на работа за да не биде сменет од функција. Тој вели дека дел од началниците имале сериозни здравствени проблеми, а го обвини Спасовски дека бил некоректен бидејќи изразил сомнеж.

Во меѓувреме, 600 кандидати кои беа поздравени од врвот на МВР сѐ уште не ја почнале обуката. Спасовски вели потребено е време за да се подготви Центарот за обука, но потврдува и дека дел од кандидатите немале комплетна документација, односно немале лекарски прегледи и безбедносен сертификат од УБК.

Поврзани новости