-Секој полицаец кој ќе биде фатен дека учествува во партиски активности ќе биде казнет , најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната посета во СВР Велес.
Спасовски рече дека работа на полицијата е да го штити изборниот процес, а не да учествува во изборни активности. Тој апелираше до граѓаните да не се плашат да пријават полицаец кој не се придржува до законот.
– Ова е многу сензитивен период и дадов наредби да се постапува исклучиво законски, да ја тргнеме политиката од полицијата и апелирам до сите граѓани доколку почувствуваат било каков притисок или вклучување во изборни активности на било кој вработен во полицијата веднаш да пријават затоа што тоа не е работа на полицијата. Работа на полицијата е да ги штити граѓаните – рече Спасовски.