Спасовски: Јавното здравје е заштитено, економијата е одржана, ви благодарам!

by Fokus

Оливер Спасовски, на денешната последна прес конференција како технички премиер, се заблагодари на сите луѓе кои помогнале за заштитата од корона вирусот.

Како што истакна тој, се надева дека набрзо ќе можеме вистински да се израдуваме штом заврши пандемијата.

„Јавното здравје е заштитено, економијата е одржана. Владата успешно одговори на предизвиците и направи пат за новата политичка Влада. Верувам дека наскоро вистински ќе можеме да се израдуваме кога ќе заврши оваа пандемија која коси во светот. Благодарам на лекарите, целиот персонал во клиниките, кои деноноќно спасуваа човечки животи. Нивните успеси се успехот на секој оздравен и заштитен од корона вирусот. Се заблагодарувам и на граѓаните кои ги почитуваа мерките, кои излегоа на гласање достоинствено и ги овозможивте овие моменти кога очекуваме да се изгласа новата Влада“, истакна Спасовски.

Поврзани новости