518
По едногодишна обука, денеска во Центарот во Идризово свечено беа промовирани новите 654 полициски службеници.
-Интегритетот не се гради со подмитливост, со поткупливост, со непочитување на законите или со селективна правда, со злоупотреба на должностите и службените овластувања или слични такви стандадри и вредности кои со години наназад ја доведоа Македонија до работ на амбисот, им порача министерот Оливер Спасовски на новите полициски службеници.
Министерот потсети дека поднел барање до Министерството за финансии за одобрување за 33 полициски службеници кои лани не беа примени на работа во МВР.