Делегација од Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, утре во Женева ќе учествуваат на 70-тата Сесија на Извршниот Комитет на Програмата на Високиот Комесар за бегалци на ОН.
Во текот на утрешниот ден, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе има свое обраќање, а акцентот ќе биде ставен на активностите кои од страна на земјата се преземаат во однос на прашањата кои се високо на агендата на Високиот Комесар за бегалци на ОН.
Предвидено е за време на учеството на Конференцијата, Спасовски и Жерновски да остварат билатерална средба со високиот комесар за беглаци на ОН Филипо Гранди.
За време на сесијата, покрај редовните прашања од надлежноста на Комитетот, предвидено е и одржување на Сегмент на високо ниво посветен на лицата без државјанство, кој ќе претставува основа за организирање на т. н Глобален форум за бегалци во декември годинава.