Спасовски и Демерџиев: Нема да биде дозволен никаков инцидент на гробот на Гоце Делчев

by Fokus

Нема да биде дозволен инцидент на роденденот на Гоце Делчев, порачаа денеска министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев, на заедничката прес-конференција по состанокот на двајцата министри во МВР во Скопје.

Разговаравме за чествувањето на родененот на Гоце Делчвев, на неколу дена сме пред наставнот, кој ќе биде во услови на малку зголемени тензии и различни најави за наручшување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полоција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцинент, односно, ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев “,рече министерот Спасовски.

Неговиот бугарски колега Демерџиев рече дека со Спасовски разговарале како да се обезбеди мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев.

„Добив уверување од Спасовски дека ќе бидат преземени сите мерки за мирно и безбедно чествување. Јас го информирав дека ќе ги преземам сите мерки дека луѓето што ќе дојдат од Бугарија на тоа чествување нема да предизвикаат провокации или несакани настани. Постигнавме согласност дека сè ќе биде преземено за да не дозволиме на некои личности да ја распалат ситуацијата. Да се даде почит на една историска личност како Делчев без проблеми, провоцирале“, рече министериот Демерџиев.

Поврзани новости