789
На државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори заради тоа што граѓаните веќе се изморени од избори, речиси секоја година, вели министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски.
-Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на граѓаните. Другите аспекти и таа стратешка цел за почетокот на преговорите е високо на агендата и треба да биде високо на агендата на Владата, меѓутоа акцентот треба да се стави на Република Северна Македонија, на граѓаните, на економскиот стандард, на напредувањето, на сето она што го очекуваат граѓаните – изјави Спасовски.