456
Две години по насилниот упад во парламентот на 27 април, министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски оцени дека станува збор за најцрниот чин во историјата на демократијата, кога, според него, насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари.
„Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата“, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.