384
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција најостро го осуди нападот со огнено оружје врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
-Без оглед на мотивите, огорченоста и причините за ваквиот напад, правото на живот на секој граѓанин е неприкосновено право, рече Спасовски.
Тој изјави дека во изминатите години бил урнат системот на владеење на правото и правната држава, а грубата партизација на институциите придонела до тоа граѓаните да ја изгубат довербата и да бараат начини за постигнување на правдата.