Туфекџиќ: Укинувањето на екстерното е првиот чекор и победа на учениците, професорите и родителите

by fokus

Пратеничката Ивана Туфекџиќ по укинувањето на екстерното тестирање за Фокус вели дека тоа е првиот чекор и победа на учениците, професорите и родителите и вети дека понатаму политиките ќе бидат креирани заедно со нив.

-Илјадници средношколци и дел од професори беа по улиците, пишуваа писма, аргументацијата беше цврста, но не слушната од институциите. Дури и кампуваа, на преговорите им се закануваше Пешевски, а во Собранието и покрај барањата на опозицијата не беа повикани ниту еднаш на јавна расправа. По сета оваа голгота, сепак тие оставија силен печат во активизмот, но и во начинот на креирањето на образовната политика. Новото парламентарно мнозинство се обврза дека никогаш повеќе нема да наметнува образовни политики, дека ќе ги консултира сите засегнати страни, вели Туфекџиќ.

Таа беше една од најгласните во Студентскиот пленум, кој се бореше за правата на студентите, а ги организираше и најголемите студентски протести во историјата на Македонија.

Катерина Смилева

Поврзани новости