Спасовски: Го донесовме првиот пакет за намалување на рестрикциите

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски на прес конференција соопшти дека Владата го донела првиот пакет мерки со кои се намалуваат рестрикциите и кој е воведување  во една нова нормалност на живеењето.

-Пред било што да соопштам, сакам јасно да ја уверам јавноста дека јас и Владата продолжуваме да работиме на заштита на здравјето на граѓаните, почитувајќи ги препораките на експертите. Го донесовме првиот пакет со што ги намалуваме рестрикциите. Не дозволивме ширење кое посериозно би го загрозило здравјето на граѓаните. Од Комисијата ни соопштија дека следува период на намалување на епидемијата. Одиме многу внимателно низ фази кои постепено ќе ги намалуваат рестрикциите и ќе не воведат во една нова нормалност. Меѓу секоја фаза ќе следува преглед и проценка на актуелната ситуација и одново нова одлука дали да се продолжи со новата фазата. Сите следни чекори ќе зависат од: дали пандемијата е ставена под контрола, дали здравстевниот систем може да се справи со евентуални нови случаи, и дали системот може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти, рече Спасовски.

 

Поврзани новости