602
Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, напиша Спасовски на фејсбук.