„Спутник v“ е речиси 100 отсто ефикаснa во создавањето клеточен имунитет

by Fokus 12:54
12:54

Руската вакцина „Спутник V“ е речиси 100-отстотно ефикасна во развивањето на клеточен имунитет од Ковид-19 година, изјави Дарја Јегорова, научен соработник во лабораторијата за генетско инженерство за патогени микроорганизми во Центарот „Гамалеј“.

Јегорова прецизираше дека имунолошката ефикасност се однесува и на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор на организмите.

- Advertisements -

-Кога станува збор за хуморалниот имунолошки одговор, ефикасноста на вакцината надминува 98 проценти, а во однос на клеточниот имунитет ефикасноста има тенденција да биде 100 проценти, рече таа, пренесена од руските медиуми.

Јегорова додаде дека прелиминарната анализа на резултатите од пострегистрациските тестови на вакцината покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е поголема од 91 процент.

Поврзани новости