ВМРО ДПМНЕ едно зборуваше и ветуваше пред граѓаните, а сега прави сосема друго. И во предизборниот период и во годините од потпишувањето на Преспанскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ имаше став дека Преспанскиот договор не треба да постои, дури одеше дотаму дека треба да се поништи. Сега слушаме дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор е променета, велат Договорот е реалност.
Ова синоќа во гостување на ТВ24 го изјави пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.
„ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година зборува за предавства, бара виновници во некој друг, без да придонесува во ниту еден државнички процес. Сега имате огромно мнозинство, повелете поднесете иницијативи, поништете ги договорите вратете го името. Што ве спречува? Сега имате сериозна поддршка од граѓаните, добивате таква поддршка на изборите, на основа на тие работи зошто не го направите тоа? Еве да не бидете вие тие како што ги нарекувате предавници, туку да бидете патриоти? Неодговорно е таквото однесување ниту кон граѓаните, ниту кон државата“ порача Спасовски.