Спасовски до Ромите: Да се обединиме против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик

by fokus

Оливер Спасовски од вечерашната трибина на СДСМ од Шуто Оризари им порача на Ромите заедно да се обединат против оние кои си играат мајтап со ромскиот јазик и оние кои „тегнеа за уши“.

-Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ве повикувам вас Ромите во целата држава да се обедините против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик, ‘тегнеа за уши, планираа ‘пиштење – вриштење’, ‘семејства во ендек’. Пред четири години во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не смееја ни да зборуваат, денес е слобода. ВМРО-ДПМНЕ е опасност, рече Спасовски.

Поврзани новости