482
Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.
„Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација“, напиша Спасовски на фејсбук.
Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.